Добредојдовте на веб-страницата на Регулаторната комисија за домување

Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.

Соопштенија и информации од јавен карактер

  17.03.2023

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ - НЕДОСТАТОК НА ИНСПЕКТОРИ ЗА КОНТРОЛА НА СТАНБЕНИТЕ СЕРВИСИ

Претседателот на Регулаторната комисија за домување на 15.03.2023 г. гостуваше на Македонска телевзија во утринската програма на тема „Недостаток на општински инспектори за домување за контрола на станбените управители“.

  06.03.2023

Има управители ама недостасуваат инспектори

Регулаторната комисија за домување одржа тралезна маса на тема “Закон за домување, негова примена и надзор, улогата на локалната самоуправа и измени и дополнувања на Законот за домување”.
Настанот беше одржан на 02.03.2023 година, во...

повеќе...
  24.02.2023

Средби со градоначалниците низ повеќе општини во СРМ.

Регулаторната комисија за домување во текот на 2022 година отпочна кампања на тема: Закон за домување, негова примена, надзор,  и улогата на локалната самоуправа и општинскиот инспектор за домување”...

повеќе...
  24.02.2023

Настап на Канал 5

Претседателот на РКД Зоран Маџоски одговараше на прашањата на гледачите на утринската емисија на ТВ Канал 5 - „Здраво Македонијо“ .

  29.01.2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ

На 10.02.2026 година, Регулаторна комисија за домување организира обука за вршење на дејностите за управување со станбени згради наменета за вработени во Правните субјекти кои поседуваат лиценца за управител за дејностите за управување со станбени згради согласно Правилникот за начинот на организирање на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда ("Службен весник на РСМ" бр.231/2025).

Локација: Обуката за вршење на дејностите за управување со станбени згради ќе се одржи во Хотел Континентал – Скопје, “КЛУБ КОНТИНЕНТАЛ” сала со почеток во 10:00 часот.

Образецот за барањето на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда и сите потебни податоци достапни се на веб страната на Регулаторна комисија за домување www.rkd.gov....

повеќе...
  16.12.2025

Покана

Почитувани

Регулаторната комисија за домување согласно своите надлежности организира средба на која ќе се дискутира на тема

„Запознавање со новините и обврските кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на законот за домување („Службен весник на РСМ“ бр.160/2025)“

Средбата ќе се одржи во Собраниска сала во просториите на општина Кавадарци, на ден 22.12.2025 год, од 12 до 14 часот.

Ве покануваме да присуствувате на оваа средба.

 

Со почит,

Претседател

М-р Зоран Маџовски 

  29.01.2025

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2024 ГОДИНА

Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануар 2024 година до 30 Јуни 2024 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.

  02.11.2023

ПОКАНА

За одржување на работна средба со

Правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда на тема:

“Давање насоки во врска со вршење на дејностите на управување со станбените згради”

во согласност со Законот за домување

Датум: 09.11.2023 година
Време: 12.00-14.00
Место: Стопанска Комора на Северна Македонија, Скопје

  22.11.2022

Соопштение

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.

Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.

Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...

повеќе...