Добредојдовте на веб-страницата на Регулаторната комисија за домување

Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.

Соопштенија и информации од јавен карактер

  29.03.2022

СООПШТЕНИЕ

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните  дека на територијата на општините на Град Скопје се појавуваат понуди за управување со стамбени објекти од фирмата ГРЕЕН КЛИН ДООЕЛ Скопје, која НЕ ПОСЕДУВА лиценца за вршење...

повеќе...
  07.01.2022

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ

Почитувани

Регулаторна комисија за домување Ви ги честита Божиќните празници и Ви посакува среќна и успешна нова година!

  15.10.2021

ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ, КВАЛИТЕТНА, ЕФИКАСНА И ЕФЕКТИВНА ИНСПЕКЦИСКА СЛУЖБА, ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА, ПРИОРИТЕТ ЗА ДОМУВАЊЕТО И ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Претседателот на Регулаторната комисија за домување м-р Зоран Маџовски оствари работна средба со Претседателот на Групацијата за домување при Стопанската комора на Република Северна Македонија г-дин Васе Самараков. 

...

повеќе...
  29.07.2021

Состанок со инспекорот за домување на Општина Центар, Марјан Зиков.

Во рамките на активностите на Регулаторната комисија за домување, денес во седиштето на комисијата одржав состанок со инспекорот за домување на Општина Центар, Марјан Зиков.

Тема на состанокот беше заедничка соработка и активности со цел...

повеќе...
  29.01.2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ

На 10.02.2026 година, Регулаторна комисија за домување организира обука за вршење на дејностите за управување со станбени згради наменета за вработени во Правните субјекти кои поседуваат лиценца за управител за дејностите за управување со станбени згради согласно Правилникот за начинот на организирање на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда ("Службен весник на РСМ" бр.231/2025).

Локација: Обуката за вршење на дејностите за управување со станбени згради ќе се одржи во Хотел Континентал – Скопје, “КЛУБ КОНТИНЕНТАЛ” сала со почеток во 10:00 часот.

Образецот за барањето на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда и сите потебни податоци достапни се на веб страната на Регулаторна комисија за домување www.rkd.gov....

повеќе...
  16.12.2025

Покана

Почитувани

Регулаторната комисија за домување согласно своите надлежности организира средба на која ќе се дискутира на тема

„Запознавање со новините и обврските кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на законот за домување („Службен весник на РСМ“ бр.160/2025)“

Средбата ќе се одржи во Собраниска сала во просториите на општина Кавадарци, на ден 22.12.2025 год, од 12 до 14 часот.

Ве покануваме да присуствувате на оваа средба.

 

Со почит,

Претседател

М-р Зоран Маџовски 

  29.01.2025

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2024 ГОДИНА

Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануар 2024 година до 30 Јуни 2024 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.

  02.11.2023

ПОКАНА

За одржување на работна средба со

Правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда на тема:

“Давање насоки во врска со вршење на дејностите на управување со станбените згради”

во согласност со Законот за домување

Датум: 09.11.2023 година
Време: 12.00-14.00
Место: Стопанска Комора на Северна Македонија, Скопје

  22.11.2022

Соопштение

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.

Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.

Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...

повеќе...