Добредојдовте на веб-страницата на Регулаторната комисија за домување

Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.

Соопштенија и информации од јавен карактер

  21.06.2022

Средба меѓу Инспекцискиот совет со Регулаторната Комисија за Домување и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

На 7.6.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет, в.д. претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од Областа на градежништво, урбанизам, комунални работи и транспорт, Ресул Шемо, одржаа...

повеќе...
  31.05.2022

Средба со првиот Претседател на Регулаторната комисија за домување, г-дин Душко Кадиевски.

Претседателот на Регулаторната комисија за домување М-р Зоран Маџовски, на Г-дин Кадиевски му врачи БЛАГОДАРНИЦА за посебни заслуги како ПРВ Претседател на Регулаторната комисија за домување.

...

повеќе...
  09.05.2022

Настап на претседателот на Регулаторна Комисија за Домување на МРТВ во утринската програма

  31.03.2022

Соопштение од Регулаторната комисија за домување

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат понуди за управување со станбени објекти од извесна...

повеќе...
  29.01.2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ

На 10.02.2026 година, Регулаторна комисија за домување организира обука за вршење на дејностите за управување со станбени згради наменета за вработени во Правните субјекти кои поседуваат лиценца за управител за дејностите за управување со станбени згради согласно Правилникот за начинот на организирање на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда ("Службен весник на РСМ" бр.231/2025).

Локација: Обуката за вршење на дејностите за управување со станбени згради ќе се одржи во Хотел Континентал – Скопје, “КЛУБ КОНТИНЕНТАЛ” сала со почеток во 10:00 часот.

Образецот за барањето на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда и сите потебни податоци достапни се на веб страната на Регулаторна комисија за домување www.rkd.gov....

повеќе...
  16.12.2025

Покана

Почитувани

Регулаторната комисија за домување согласно своите надлежности организира средба на која ќе се дискутира на тема

„Запознавање со новините и обврските кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на законот за домување („Службен весник на РСМ“ бр.160/2025)“

Средбата ќе се одржи во Собраниска сала во просториите на општина Кавадарци, на ден 22.12.2025 год, од 12 до 14 часот.

Ве покануваме да присуствувате на оваа средба.

 

Со почит,

Претседател

М-р Зоран Маџовски 

  29.01.2025

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2024 ГОДИНА

Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануар 2024 година до 30 Јуни 2024 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.

  02.11.2023

ПОКАНА

За одржување на работна средба со

Правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда на тема:

“Давање насоки во врска со вршење на дејностите на управување со станбените згради”

во согласност со Законот за домување

Датум: 09.11.2023 година
Време: 12.00-14.00
Место: Стопанска Комора на Северна Македонија, Скопје

  22.11.2022

Соопштение

Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.

Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.

Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...

повеќе...