Лиценци за управител

Една од основните надлежности на Регулаторната Комисија за Домување е да издава и одзема лиценци за вршење на управување, за што води регистар на управители на станбени згради

Поради зголемениот број на одземени лиценци Регулаторната Комисија за Домување објавува регистар на одземени лиценци, каде што се вметнати и управителите за кои не е целосно завршена постапката за одземање на лиценцата за вршење на дејност и истата се уште се води пред Управен Суд на РМ.

Права и обврски на управителот

(1) Управителот ги има следниве права и обврски:

1. Ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови;

2. Се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови;

3. Ги застапува сопствениците на посебните делови во работите на управување и во име на одделни сопственици поднесува тужба за ослободување од обврската за плаќање, односно тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебниот дел;

4. Ги застапува сопствениците на посебните делови пред управните органи во работите на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки во врска со станбената зграда и земјиштето, како и за други работи поврзани со управувањето;

5. Подготвува план за одржување на станбената зграда, план со динамика за...

повеќе...

Процедури за издавање на лиценци

Лиценца за управител може да добие правно лице ако ги исполнува следните услови :

  • Да е регистриран во централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • Да има најмалку три вработени лица (М1 и М2 образец) од кои едно лице со високо образование со полно работно време и две лица со најмалку средна стручна подготовка со полно или скратено работно време; 
  • Во случај на склучени договори со над 3.000 посебни делови од станбена зграда бројот на вработените лица така што на секои дополнителни 3.000 посебни делови од станбена зграда за добивање на лиценца за управител за вршење на дејностите за управување со станбена зграда, покрај задолжителните три вработени лица мора да има уште по едно вработено лице со полно работно време и на секои дополнителни 3.000 посебни делови минималниот паричен влог мора да се...
повеќе...

Жиро сметка за уплата на такси и надоместоци

Сите такси и надоместоци потребни при барање на лиценца за управител на куќен совет се уплаќаат на образец ПП50 со внесување на следниве податоци:

Цел на дознака׃ надоместок за лиценца

Назив на примачот׃ Регулаторна Комисија за Домување – Скопје

Банка на примачот : НБРМ

Трезорска сметка  100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 020096159063116

Приходна шифра: 725939

Програма: 20