
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регулаторна Комисија за Домување
REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT
Komisioni Rregullator për Banim

Добредојдовте на веб-страницата на Регулаторната комисија за домување
Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.
Регистар на управители
Листа на сите лиценцирани управители со станбени објекти во Р. Македонија. Овде можете да го одберете идниот управител со Вашиот станбен објект за колективно домување, да го коментирате или да го оцените нивното работење.
Извештаи
Регулаторната комисија за домување, согласно член 110 став 3 од Законот за домување е должна најмалку двапати годишно да доставува извештај за своето работење до Собранието на Република Македонија.
ЗАКОН ЗА ДОМУВАЊЕ
Врз основа на член 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ
Соопштенија и информации од јавен карактер
Запознавање со новините и обврските кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на законот за домување

Денес, во просториите на општина Кавадарци се одржа работна средба организирана од страна на Регулаторната комисија за домување заедно со управителите на станбени единици...
повеќе...УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ
Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА...
повеќе...ШТО ПОДРАЗБИРА ФУКНЦИОНАЛНА ПП-ЗАШТИТА ВО СТАНБЕНИТЕ ЗГРАДИ?
ИЗВЕСТУВАЊЕ
На 10.02.2026 година, Регулаторна комисија за домување организира обука за вршење на дејностите за управување со станбени згради наменета за вработени во Правните субјекти кои поседуваат лиценца за управител за дејностите за управување со станбени згради согласно Правилникот за начинот на организирање на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда ("Службен весник на РСМ" бр.231/2025).
Локација: Обуката за вршење на дејностите за управување со станбени згради ќе се одржи во Хотел Континентал – Скопје, “КЛУБ КОНТИНЕНТАЛ” сала со почеток во 10:00 часот.
Образецот за барањето на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда и сите потебни податоци достапни се на веб страната на Регулаторна комисија за домување www.rkd.gov....
повеќе...Покана
Почитувани
Регулаторната комисија за домување согласно своите надлежности организира средба на која ќе се дискутира на тема
„Запознавање со новините и обврските кои произлегуваат од Законот за изменување и дополнување на законот за домување („Службен весник на РСМ“ бр.160/2025)“
Средбата ќе се одржи во Собраниска сала во просториите на општина Кавадарци, на ден 22.12.2025 год, од 12 до 14 часот.
Ве покануваме да присуствувате на оваа средба.
Со почит,
Претседател
М-р Зоран Маџовски
ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2024 ГОДИНА
Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануар 2024 година до 30 Јуни 2024 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.
ПОКАНА
За одржување на работна средба со
Правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда на тема:
“Давање насоки во врска со вршење на дејностите на управување со станбените згради”
во согласност со Законот за домување
Датум: 09.11.2023 година
Време: 12.00-14.00
Место: Стопанска Комора на Северна Македонија, Скопје
Соопштение
Регулаторната комисија за домување, им соопштува на граѓаните дека на територија на општините на Град Скопје се појавуваат активни Договори за вршење на управувачки услуги од фирма “ВИТТОРИА СЕРВИС” ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Аминта Трети бр.33/А-21 општина Центар Скопје, на која лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради со Решение за одземање на лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради бр.Уп.08-18/1 од 05.10.2021 год, од страна на Регулаторната комисија за домување е одземена и истото е правосилно.
Секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги со ФИРМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА е спротивно на Законот за домување.
Регулаторната комисија за домување, апелира до сите граѓани пред секое склучување на Договор за вршење на управувачки услуги, да ги...
повеќе...


