ИЗВЕСТУВАЊЕ

На 10.02.2026 година, Регулаторна комисија за домување организира обука за вршење на дејностите за управување со станбени згради наменета за вработени во Правните субјекти кои поседуваат лиценца за управител за дејностите за управување со станбени згради согласно Правилникот за начинот на организирање на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда ("Службен весник на РСМ" бр.231/2025).

Локација: Обуката за вршење на дејностите за управување со станбени згради ќе се одржи во Хотел Континентал – Скопје, “КЛУБ КОНТИНЕНТАЛ” сала со почеток во 10:00 часот.

Образецот за барањето на обука за вршење на дејностите за управување со станбена зграда и сите потебни податоци достапни се на веб страната на Регулаторна комисија за домување www.rkd.gov.mk.

Со Почит,

Регулаторна комисија за домување