Процедури за издавање на лиценци

Лиценца за управител може да добие правно лице ако ги исполнува следните услови :

  • Да е регистриран во централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • Да има најмалку три вработени лица (М1 и М2 образец) од кои едно лице со високо образование со полно работно време и две лица со најмалку средна стручна подготовка со полно или скратено работно време; 
  • Во случај на склучени договори со над 3.000 посебни делови од станбена зграда бројот на вработените лица така што на секои дополнителни 3.000 посебни делови од станбена зграда за добивање на лиценца за управител за вршење на дејностите за управување со станбена зграда, покрај задолжителните три вработени лица мора да има уште по едно вработено лице со полно работно време и на секои дополнителни 3.000 посебни делови минималниот паричен влог мора да се зголеми за 5.000 евра во денарска противвредност; 
  • Вработеното лице со високо образование мора да поседува и потврда за успешно совладана обука за вршење на дејностите на управување со станбена зграда, издадена од Регулаторната комисија за домување. 

Лиценцата се издава/продолжува со рок на важење од 5 (пет) години.

За издавање/продолжување на лиценцата се плаќа надоместок во износ од 1000 евра во денарска противвредност.

Барателот на лиценца за извршување на должноста е должен до Регулаторната Комисија за Домување да поднесе: