Со Регулаторната комисија за домување раководи претседател.

Во случај на отсуство или спреченост на претседателот на Регулаторната комисија за домување, претседателот за време на негово отсуство или спреченост го заменува член на комисија кое ќе го овласти претседателот.

Регулаторната комисија работи на седници, согласно со деловникот за работа на Регулаторна комисија за домување.

Седниците на Регулаторната комисија за домување се јавни,освен во случаите кога се изнесуваат доверливи информации и деловни тајни.

Регулаторната комисија за домување донесува одлуки со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови.

Прашањата во врска со свикувањето на седниците и другите прашања во врска со седниците на Регулаторната комисија се уредуват со Деловникот на комисијата.

Регулаторната комисија за домување може по потреба да формира работни тела и да ангажира надворешни соработници (консултанти) заради проучување и разгледување на одредени прашања, подготовка на материјали, како и за извршување одредени задачи за потребите на Регулаторната комисија за домување.

Формирањето, делокругот, составот и начинот на работа на постојните и повремените работни тела, се утврдуваат со Деловникот на работа на Регулаторната комисја за домување, односно со одлука за нивно формирање.