Регулаторната комисија за домување ги има следниве надлежности:
                                   

  1. донесува статут, деловник и други акти за својата работа;
  2. се грижи за квалитетно задоволување на станбените потреби на населението, согласно со современите стандарди  за  квалитетен  живот, заштита на животната  средина и природата; 
  3. до министерот надлежен за работите од станбено-комуналната област поднесува предлог за висината на  износот за посебните делови од резервниот фонд најниската вредност на истиот, како и за видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата;
  4. на барање на закупец на непрофитен стан ја проверува висината на непрофитна закупнина од членот 95 став 1 на Законот за домување; 
  5. врши категоризација на становите согласно со пропишаните критериуми од членот 97 (став 1) на Законот за домување; 
  6. ги издава, менува и одзема лиценците за вршење на управување, за што води регистар на управители на станбени згради; 
  7. покренува  иницијатива за донесување на закони и други прописи од областа на домувањето; 
  8. посредува во разрешувањето на спорови што настануваат меѓу закупците, закуподавачите, управителите,  сопствениците на посебните делови и трети лица во областа на домувањето и предлага мерки во врска со истите и  доставува предлог до надлежните органи за преземање мерки во согласност со нивната надлежност и во  постапка пропишана со закон кон субјектите кои нивната надлежност и во дејноста ја вршат спротивно Законот за домување.

Регулаторна  комисија за домување ги пропишува начинот и постапката за запознавање на јавноста со својата работа. 
За своето работење,  Регулаторната  комисија  за  домување најмалку  два  пати  годишно  доставува  извештај  на Собранието на Република Македонија.
                                                        
Во врска со  пршањето  од  својата  надлежност,  Регулаторната комисија  за  домување соработува со државните  органи, органите на единиците на локалната самоуправа и трговските друштва што вршат дејности од областа на домувањето .

Регулаторната комисија соработува со меѓународни органи и организации во својство на учесник, член или на друга договорна основа во областите од заеднички интерес.