Врз основа на член 109 ст. 1 точка 1 од Законот за домување ("Службен весник на Република Македонија" бр. 99/2009 и 57/2010, Регулаторната Комисија за Домување на седницата одржана на 23-27-2010 година донесе:

СТАТУТ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ

Со Статутот се уредува името, седиштето, печатот, штембилот организацијата ,управувањето и раководењето, и

седиштето, постапка за донесување на актите и нивното изменување и дополнување,како и други прашања од надлежност на Регулаторната Комисија за Домување.

Регулаторната Комисија има својство на правно лице и е независна во своето работење и одлучување во рамките на надлежностите утврдени со овој закон.

Функцијата член на Регулаторната Комисија за Домување се врши професионално.

Регулаторната комисија за домување ги има следниве надлежности:
                                   

  1. донесува статут, деловник и други акти за својата работа;
  2. се грижи за квалитетно задоволување на станбените потреби на населението, согласно со современите стандарди  за  квалитетен  живот, заштита на животната  средина и природата; 

повеќе...

Со Регулаторната комисија за домување раководи претседател.

Во случај на отсуство или спреченост на претседателот на Регулаторната комисија за домување, претседателот за време на негово отсуство или спреченост го заменува член на комисија кое ќе го овласти претседателот.

повеќе...

Регулаторната комисија за домување има стручна служба со која раководи Претседателот на Регулаторната комисија за домување.

Претседателот на Регулаторната комисија за домување ја раководи стручната служба на начин кој обезбедува законито, стручно,одговорно, навремено, економично и рационално работење.

повеќе...

Прашања кои се од значење на Ргулаторната Комисија за Домување, а не се уредени со овој Статут ќе се уредат со други акти на Регулаторната Комисија за Домување согласно закон.

Актите од став 1 на овој член ги донесува Регулаторната Комисија за Домување и не можат да бидат во спротивност со овој Статут.

повеќе...

Регулаторната комисија за домување се финансира од:

  • буџетот на Република Македонија;
  • приходите одстварени од вршење на работите од својата надлежност;
  • средствата утврдени со други прописи.

Работата на Регулаторната Комисија за Домување е јавна.

Регулаторната Комисија за Домување ја известува јавноста за работата на нејзините одржани седници.

Регулаторната Комисија за Домување ги определува актите, работите и задачите кои се доверливи или не можат да се објавуваат.

повеќе...