(1) При вршење на инспекцискиот надзор овластените инспектори за домување од членот 116 на овој закон имаат право да вршат надзор над станбени, станбено-деловни и деловно-станбените згради дали управувањето со истите се врши согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, дали се почитуваат пропишаните норми и стандардите за домување и дали се уредени закупничките односи согласно со овој закон.

(2) При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот од ставот (1) на овој член, може да побара присуство на овластено службено лице од органот на државната управанадлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.