(1) Управителот ги има следниве права и обврски:

1. Ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови;

2. Се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови;

3. Ги застапува сопствениците на посебните делови во работите на управување и во име на одделни сопственици поднесува тужба за ослободување од обврската за плаќање, односно тужба за задолжување за плаќање на трошоците и издатоците на сопственикот на посебниот дел;

4. Ги застапува сопствениците на посебните делови пред управните органи во работите на издавање на дозволи и согласности и во постапките за упис на недвижностите и други управни постапки во врска со станбената зграда и земјиштето, како и за други работи поврзани со управувањето;

5. Подготвува план за одржување на станбената зграда, план со динамика за спроведување на овој план и се грижи за спроведување на планот;

6. Подготвува пресметка на трошоците за управување на станбената зграда и ги распоредува трошоците межу сопствениците на посебните делови;

7. Ги прима уплатите на сопствениците на посебните делови врз основа на месечна пресметка и ги плаќа обврските од договорите склучени со трети лица;

8. Ги информира сопствениците на посебните делови за својата рбота и им доставува месечни и годишни пресметки;

9. Изготвува годишен извештај за управување со објектот;

10. Во согласност со одредбите од законот стопанисува со резервниот фонд;

11. Врши набрјување и нумерирање на становите и го пријавува уписот на податоците во органот што ги води јавните книги на недвижностите и

12. треба да ги познава стандардите и нормативите за пристапност на лица со хендикеп во станбениот објект.

(2) Во споровите против обезбедувачот и изведувачите на работи поради делумно и нецелосно исполнување на обрските на обезбедувачи или извеувачи на работите на управување на станбената зграда, управителот може да поднесе тужба против обезбедувачот, изведувачот или третото лице причинител на штетата и во свое име.

(3) Правата и обврските на управителот од ставовите (1) и (2) на овој член не смеат да се исклучат или ограничат со договор на заемни односи и со договор на вршење управувачки услуги или други правни тела.

(4) Управителот може да има и други овластувања утврдени со овој закон и со договорот за вршење на управувачки услуги.

Тековно одржување

(1) Управителот е должен редовно да се грижи за вршење на поправки од помал обем (замена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи, замена на резервни делови и слично) на заедничките делови на станбената зграда. Трошоците за овие поправки ги поднесуваат сопствениците на посебните делови сразмерно на големината на нивните посебни делови.

(2) Извршувањето на работите од ставот (1) на овој член управителот го врши според настанатите потреби и по свое наоѓање и за извршените работи е должен во рок од 15 дена да состави писмен извештај и да го достави на собирот на сопственици.

Раскинување на договорот со управителот

Доколку  управителот  не  ги  исполнува  обврските  од  договорот  за  вршење  на управувачки  услуги,  не  постапува  со внимание  на  добар  домаќин,  сопствениците  на посебните  делови  на  најмалку  една  половина  од  посебните  делови  можат  да  го  раскинат договорот со управителот, а управителот одговара и за штетата што со своето работење ќе ја  причини  на  зградата  или  на  посебен  дел  од  зградата  според  општите  правила  за надоместок на штета.