ОПШТИ ОДРЕДБИ

Со ова упатство се пропишува начинот на подготовка на пресметка за направени трошоци во претходниот месец за кој се однесува наплатата на средствата за тековно и редовно одржување како и за резервен фонд од страна на фирмите кои што имаат добиено Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда во станбените згради со кои што имаат склучено Договори за вршење на управувачки услуги, како и од страна на формираните Заедници на сопственици.

УПАТСТВО

За начинот на подготовка на пресметка за направени трошоци во претходниот месец за кој се однесува наплатата за тековно и редовно одржување како и за резервен фонд од страна на Управителот или Заедница на сопственици

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Со ова упатство се пропишува начинот на подготовка на пресметка за направени трошоци во претходниот месец за кој се однесува наплатата на средствата за тековно и редовно одржување како и за резервен фонд од страна на фирмите кои што имаат добиено Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда во станбените згради со кои што имаат склучено Договори за вршење на управувачки услуги, како и од страна на формираните Заедници на сопственици.

Вовед

Самата пресметка е составена од три дела. Првиот дел се однесува на трошоците за редовно одржување, вториот дел се однесува на резеревниот фонд и третиот дел се однесува на заостанатиот долг. 2 Во првиот дел ќе бидат дадени износите на трошоците кои се направени во претходниот месец т.е. во месецот за кој се однесува пресметката од проста причина што управителот неможе рамномерно да ги распореди трошоците ако претходно незнае колку тие изнесуваат. Затоа велиме дека пресметката се однесува за претходниот месец т.е. за месецот кој изминал и за кој управителот веќе во наредниот месец откако ќе ги дознае сите направени трошоци во претходниот месец, ќе може на сопственицете на посебните делови (обврзниците) да им достави пресметка за направените трошоци и врз таа основа да може од нив да ги наплати. Вториот дел од пресметката се однесува на резервниот фонд. Сопствениците на посебни делови (обврзниците) покрај плаќањето за редовно одржување на зградата треба да плаќаат и за резервен фонд, кој фонд има определена намена. Намената и користењето на средствата од резервниот фонд се определени со посебен член во Законот за домување. Затоа во овој дел од пресметката ќе бидат дадени само месецот и износот кој што треба да се плати. Додека пак, во третиот дел ќе биде опишан заостанатиот долг. Оние обврзници кои имаат заостанати сметки да бидат благовремено известени за својот заостанат долг за да можат навремено да го подмират или реагираат. Тука треба да се обрне внимание за бројот на заостанатите сметки, нивниот износ и за кој период се однесуваат. Описот во самата пресметка е од големо значење за обврзниците т.е. за нивната евидентност и информираност. На тој начин истите ќе имаат увид за тоа што всушност го плаќаа

Превземи го целото упатство