Процедури за издавање на лиценци

Лиценца за управител може да добие правно или физичко лице ако ги исполнува следните услови :

  • Да е регистриран во централниот регистар на Република Македонија и
  • Да има најмалку 3 вработени лица, од кои едно со високо образование (дипломиран правник или дипломиран економист) и две лица со најмалку средна стручна подготовка.

Лиценцата се издава со рок на важење од 5 (пет) години.

За издавање на лиценцата се плаќа надоместок во износ од 150 евра во денарска противвредност.

Начинот на издавање и одземање на лиценцата, како и формата и содржината на образецот на лиценцата ги пропишува министерот надлежен за работите од станбено комуналната област.

Барателот на лиценца за извршување на должноста е должен до Регулаторната Комисија за Домување да поднесе: