Добредојдовте на веб страната на Регулаторната Kомисија за Домување
Овде може да ги добиете сите информации во однос на надлежностите на Регулаторната Комисија за Домување, стручната служба,постапката за издавање на Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради,правните субјекти кои имаат стекнато право за вршење на дејностите на управување со станбени згради,како и можноста да поставувате прашања кои се однесуваат на законските права и обврски на граѓаните од областа на домувањето.

Регистар на управители
Листа на сите лиценцирани управители со станбени објекти во Р. Македонија. Овде можете да го одберете идниот управител со Вашиот станбен објект за колективно домување, да го коментирате или да го оцените нивното работење.

Извештаи
Регулаторната комисија за домување, согласно член 110 став 3 од Законот за домување е должна најмалку двапати годишно да доставува извештај за своето работење до Собранието на Република Македонија.

ЗАКОН ЗА ДОМУВАЊЕ
Врз основа на член 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ
Соопштенија и информации од јавен карактер
ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈУЛИ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јули 2020 година до 31 Декември 2020 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.
ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2020 ГОДИНА
Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 Јануари 2020 година до 30 Јуни 2020 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.
Известување со апел
Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирусо C0VID - 19, на Единаесеттиот состанок, одржан на 26 март 2020 година, заклучи да се упати апел до сите граѓани и да се препорача на сите управителите кои вршат дејност и управуваат со станбени згради, да преземат активности за вршење на дезинфекција внатре во станбените згради и на површините околу станбените згради, од собраните финансиски средства на посебните сметки за резервниот фонд, доколку има согласност од сопствениците на посебните единици во станбениот објект за искористување на овие средства за оваа намена.
КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА
Врз основа на член 7 став (1) точка 8 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14) министерот за информатичко општество и администрација донесе
КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Со кој се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници.
ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ОД 01 ЈУЛИ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА
Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 јули 2019 година до 31 декември 2019 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.
Одлука за изменување на Статутот на Регулаторната комисија за домување
Врз основа на Одлуката за изменување на Статутот на Регулаторната комисија за домување на 28 јуни 2019 година, одобрен од Собранието на Република Северна Македонија со Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Регулаторната комисија за домување бр.08-4329/1 од 26 јули 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/19). Регулаторната комисија за домување на седницата одржана на 23.09.2019 година донесе:
С Т А Т У Т
НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ
(Пречистен текст)
ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ДОМУВАЊЕ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 01 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2019 ГОДИНА
Во Извештајот што се доставува, е содржан сублимат на работењето на Регулаторната комисија за домување во период 01 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година. Документот нуди нумерички и споредбени показатели за делувањето на Регулаторната комисија за домување и имплементацијата на Законот за домување, односно овој Извештај го прикажува отворено, објективно и аргументирано целокупното работење на Регулаторната комисија за домување за овој извештаен период. За подобар преглед за работата Извештајот содржи соодветен број на графикони и табели.
Изменување и дополнување на Законот за домување
Се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека во тек е изменување и дополнување на Законот за домување. Сите граѓани кои имаат свои предлози за изменување и дополнување на истиот, можат да ги достават на нашиот меил info@rkd.gov.mk со цел за негово подобрување и зголемување на квалитетот за заедничко-колективно станбено живеење. Регулаторната комисија за домување доставените предлози ќе ги разгледа со особено внимание и истите може да ги предложи до Министерство за транспорт и врски како носител на Законот за домување.
Соопштение
Се известуваат сопствениците на посебни делови во зградата на улица “Веселин Маслеша“ број 3, Скопје, дека Регулаторната комисија за домување НЕМА доставено допис и НЕМА да се одржи организирана средба (на ден 10.12.2018 година во 7,30 часот) за давање задолжителна изјава пред овластени лица од комисијата.